јануари 31, 2017

Охрид, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот прволигаш „Македонија Ѓорче Петров“ ги договори главните подготовки за пролетниот дел од сезоната, кои ќе се одржат во Охрид.

Тимот на Јовица Кнежевиќ во изминатиот период имаше отежнет ритам на работа пред сè поради ладното време во Скопје, па така, ќе следи преселба во Охрид каде ќе се темпира формата и каде ќе се играат тест-средби.

На подготовките со „лавовите“ ќе биде и бразилскиот фудбалер Лукас Меирелеш, кој е на проба и дополнително ќе се тестира дали ќе ги задоволи вкусовите на управата.

Македонија ЃП веќе има договорено и тест-средби, а првиот меч се игра денес против Борац Чачак. (Крај)

извор: gol.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука