септември 25, 2017

Струга, 25. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот документарен филм кој ја освои публиката низ цела Европа „Avec l’amour!“, во сабота 30-ти септември, ќе биде прикажан пред струшката публика.

Вљубениците во седмата уметност ќе може да ја погледнат животната приказна на Дионис, кој не е само обичен наставник по биологија пред пензионирање. Тој има пасија, има сон. Наместо жена му, навечер друштво му прават над сто стари автомобили! Баш таму, на периферијата на здодевниот град, меѓу купиштата рѓосани железа, тој ја наоѓа радоста на постоењето. Додека сонува да отвори музеј за стари автомобили, неговата помлада жена едвај врзува крај со крај, правејќи свадбени и роденденски торти.

Проекцијата на филмот е со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, по што ќе следи музички хепенинг на летната сцена од Центарот за култура, со концерт на белградското трио „Репетитор“, „Сетстат“ и Мирко Попов и Дџ сетови на Виктор Апостолски и Андреас Херц. (Крај)

извор: ОхридПрес/ЦК„Браќа Миладиновци“ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука