јануари 24, 2015

Скопје, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 6-ти февруари, во Block 20 Night club, во Домот на градежниците во Скопје, македонски бендови, музичари, дј-и и артисти, ќе го одбележат роденденот на музичката реге легенда, Боб Марли.

На концертот ќе настапуваат: Puka Band Brooka и KONOP reggae кавер бед.

Потоа ќе следи настапот на: Natty Fiyah SS, Charley, Geto Rudi, Koza, Bazer, Zolti Man, Membaquinn, MastrafizamSoundSystem и Panki Rastaman.

Роберт Неста „Боб” Марли е роден на 6 февруари 1945 година, а почина на 11 мај 1981 година. Тој е јамајкански пејач-текстописец и музичар.

Тој бил лидер, текстописец и гитарист на ска, rocksteady и реге бендовите Wailers (1964-1974) и Bob Marley & The Wailers (1974-1981).

Марли остана познат и почитуван изведувач на реге музика, музичка легенда која пропагираше мир во светот и бил заслужен за помагање во ширењето на Јамајканската музика и движењето Rastafari ширум светот.Тој беше и остана најхаризматичен музичар на сите времиња. Зад митот на кралот на регето можеме да ја видиме приватната страна на човекот кого вистински го познаваа многу малку луѓе. Многу нешта поврзани со него останаа таинствени.

Боб Марли потекнува од Јамајка, а беше славен и во Африка и во целиот свет. Во Афрiка го сакаа како апостол на африканското обединување, а го перцепираа како харизматичен музичар,забавувач,композитор, поет и филозоф, чија основна страст се засноваше на корените од континентот во кого се создадени музичкиот африкански ритам и, секако, тапанот кој зборува. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука