јануари 27, 2015

Струга, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 500 наставници од државава и од странство, изминатиов викенд учествуваа на едукативна конференција што се одржа во Струга.

Организатор беше здружението за развивање и за дигитализација на образованието и културното наследство „Пријатели на образованието“. На оваа прва конференција од ваков вид во Македонија целта беше на сите наставници и студенти-идни наставници да им се помогне во развивањето и во подобрувањето на организациските, комуникативните и методско-дидактичките способности.

Во текот на дводневната конференција, „Пријатели на образованието“ потпишаа договори за соработка со повеќе партнери од странство, меѓу кои и со Центарот за креативни обуки од Бугарија, за партнерство околу програмата „Вселенски камп“. Станува збор за настан што ќе се одржи во Измир, во соработка со американската НАСА, каде што деца од училишна возраст може да се запознаат со функционирањето на американската вселенска агенција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука