август 19, 2024

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, од денеска до 30-ти овој месец ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона.

Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25-ти јули оваа година.

Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за соработка во текот на летната сезона, тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во односниот период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука