Борнмут, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Борнмут со 2-0 во последниот меч од 25.коло во Премиерлигата и се вратија на второто место на табелата.
Рахим Стерлинг беше стрелец на првиот гол во 30.минута, а конечниот резултат го постави Кун Агуеро во 69.минута од натпреварот.
Сити со синоќешната победа се врати на второто место на табелата со осум бодови помалку од лидерот Челзи и два бода повеќе од Тотенхем и Арсенал кои се на третата и четвртата позиција. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива