февруари 6, 2015

Рим, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Милански Интер, во средата во натпревар од Купот загуби од Наполи со 1:0, а тренерот на „неразурите“ по поразот бил толку изнервиран што почнал да ги навредува играчите.

– Наполи имаше само еден напад и моравме да го спречиме Игуаин да ни даде гол. На моите играчи можам да им кажам само едно – Вие сте идиоти, изјавил Манчини.

Аргентинскиот напаѓач постигна гол во последните секунди од натпреварот, а ова беше третиот последователен пораз за Интер. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука