Лондон, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Алжирскиот фудбалер Ријад Марез стана светски познат фудбалер пред две години кога беше еден од предводниците на златната генерација на Клаудио Раниери која ја освои англиската Премиер лига.
После шампионската сезона на Лестер, бројни европски клубови беа заинтересирани за Ријад Марез, меѓутоа тој одлучи да остане во Лестер. Минатата сезона тој не одигра во вистинско светло, па поради тоа и исчезна интересот на големите клубови. Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, еден клуб го обновил интересот за Алжирецот, а тоа е Арсенал.
Наводно Арсен Венгер бил заинтересиран за неговите услуги и токму Марез треба да биде еден од играчите кои ќе го пополнат местото на Алексис Санчез и Месут Озил за кои што се шпекулира дека најдоцна на крајот од оваа година ќе го напуштат „Емирати“.
Оваа сезона, Ријад Марез одигра 20 натпревари во дресот на Лестер и постигна шест погодоци и пет асистенции. (Крај)
извор: Точка фото: архива