март 4, 2015

Барселона, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот одбранбен фудбалер Мартин Монтоја, кој настапува за Барселона е пред трансфер во германската Бундеслига, откако за него покажа интерес Баер Леверкузен.

Десниот бек на Барселона не добива голема минутажа и поради тоа на лето ќе ја напушти екипата.

Фармацевтите сакаат да го донесат фудбалерот на едногодишна позајмица со право на откуп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука