септември 26, 2024

Скопје/Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за 72-годишниот Марк Јорис, белгиски државјанин кој на 18-ти септември 2024 година од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.

– Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид-Струга (Вевчани)-Дебар-општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија, информираат од МВР.

Додаваат дека со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука