август 28, 2017

Њу Делхи, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Мекдоналдс“ во Индија најави дека ќе затвори 169 објекти во северниот и во источниот дел на земјата откако американскиот синџир на ресторани за брза храна одлучи да го раскине договорот со индискиот партнер.

Од „Мекдоналдс“ соопштија дека нивниот партнер „Connaught Plaza Restaurants“ го прекршил договорот и ги откажал плаќањата на авторските права.

Компнијата „Connaught Plaza Restaurants“, која поседува 169 објекти на „Мекдоналдс“ во Индија, објави дека размислува да покрене правен спор.

Одлуката да затвори повеќе од третина од 430 ресторани, „Мекдоналдс“ го доведува до непријатна ситуација во втората земја по број на жители.

Од „Мекдоналдс“ велат дека се во потрага по нови партнери во северниот дел на земјата, додека на југот и на западот соработуваат со друга компанија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука