февруари 17, 2015

Њујорк, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Веројатноста од предвремена смрт е два пати поголема кај луѓето со ментални болести, отколку кај луѓето кои не страдаат од нив.

Повеќе од половината испитани случаи на прерана смрт, кои ги направиле американски научници, се должат на природни причини, како акутни и хронични болести.

Постојат стотици истражувања кои ја поврзуваат смртноста кај луѓето со менталните болести како шизофренија, депресија, анксиозност и биполарно растројство.

Научниците сметаат дека треба да се обрне внимание на начинот на живот, пристапот до здравствена заштита и социјални фактори како сиромаштијата. (Крај)

извор: MNT фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука