февруари 21, 2015

Мадрид, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Барселона Лионел Меси призна дека е сосема друг играч во однос на тоа каков беше пред десет години, кога дебитираше во дресот на Каталонците.

Аргентинецот веќе одигра 300 натпревари во Примера, а до сега одигра и 95 средби за националниот тим, иако има само 27 години.

Претходно Меси немаше проблеми со повреди, но во текот на последните 18 месеци не е таков случај, и тој признава дека сега мора поинаку да се однесува кон своето тело.

– Немам веќе 17, 18, 19, 20 или 21 години, кога телото не чувствува никакви напори. Сега сме постари и тоа го чувствувам. Поради тоа внимавам на себе и внимателен сум по прашањето на исхраната. Многу се сменав, позрел сум, научив многу, и на теренот и надвор од него. Нешто од стариот Меси е тука, но не многу, вели играчот.

Последните месеци многу се шпекулираше за иднината на Меси на „Камп Ноу“, но Аргентинецот истакнува дека е „среќен во каталонскиот клуб“.

– Се чувствувам одлично, среќен сум како се одвиваат работите. Сакам да продолжам да му помагам на тимот. Минатата година не беше добра за нас. Имавме многу проблеми и на теренот и вон него, но се надевам дека тоа ќе се смени оваа година, нагласи Меси. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука