Метео: Во Охрид денес облачно со врнежи од дожд и температура до 11. степени

Охрид, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи, особено на југот.

Маисималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

scroll to top