Метео: Во Охрид денес претежно облачно со температура до 12. степени

Охрид, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите на метеоролозите, денес ќе се задржи претежно облачно време, по котлините магливо. Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура во Охрид се очекува да достигне 12. степени.

– За време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

scroll to top