Охрид, 10. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.
– Денес и утре ќе се задржи претежно облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота и в понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива