Метео: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 5. степени

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5 степени.

– За време на викендот, како и за време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

scroll to top