Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево, со студено утро и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.
– Денес и утре ќе преовладува сончево време со студени утра, а преку денот ќе биде потопло. Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела, особено претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес