Охрид, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со услови за провејување на слаб снег на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Утринските температури ќе бидат најниски утре изутрина, а потоа ќе бележат пораст. Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи. Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес