Метео: Променливо облачно со засилен северен ветер и температура до 5 степени

Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, во северните делови и на планините со провејување на снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Температурата ќе се искачи до 5. степени.

– Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

scroll to top