Охрид, 27. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Во западните делови кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќните часови и појава на локален дожд.
Максималната температура во Охрид до 7. степени.
– Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови. Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес