декември 17, 2021

Скопје, 17. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со COVID-19, во период од 6-ти август заклучно со 16-ти декември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на COVID-19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на COVID-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со COVID-19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна и апелира до граѓаните да се вакцинираат, во насока на стекнување колективен имунитет и спречување на ширење на мутации на SarsCov2. (Крај)

извор: Министерерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука