март 6, 2023

Охрид, 6. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на овој месец нивото на водата во Охридското Езеро е зголемено за два сантиметри, но и понатаму е далеку од просекот за овој перидот од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,20 м.н.в, што е за 29 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 10 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода 8,5 степени, што е за скоро еден степен над просекот.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство -управа кидром етеоролошки работи- табела станица река неделна хидролошка информацила реките природните во 07:30 часот 03.03.23 легуновце вардар 01.03.23 116 02.03.23 106 30 вардар 102 05.03.23 97 104 92 капила- 122 74 128 113 98 124 треска 04 пелинце 102 33 пчина 142 берово струмица 84 83 70 90 10 60 дрим 79 44 80 14 з.доран MHM 146.60 146.60 нд 146.61 146.61 146.61 н.долран ез.доран 693.19 7.6 693.20 693.2 693.20 693. 9.0 8.5 изработил: проверил:ау одобрил:вс в.д. директор, нивна акумулации надвор редовниот вештачко влијание обработка корекција“

OhridPress редовно ја следи оваа исклучително важна тема, во насока на создавање постојан медиумски притисок кон одговорните. Според нашите анализи во текот на цел месец февруари нивото на водата во Охридското Езеро бележеше константен пад.

За среќа препознатливиот симбол на Охрид, Билјанините извори и понатаму се во добра „кондиција“.

Нема достапен опис

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност и услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет се очекуваат утре и во петок, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука