март 14, 2022

Охрид, 14. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Намален водостојот на Охридското Езеро за еден сантиметар во споредба со претходните денови.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,42 м.н.в, што е за 7 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 32 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 6,5 степени и е во рамки на месечниот просек.

Откако шест дена немаше промени во нивото и водата беше на кота од 693,43 м.н.в, со последното мерења е регистриран минимален пад.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи реките природните станица легуновце вардар скопје 09.03.22 62 50 48 84 36 просек: 42 132 52 37 87 к.река 87 15 86 15 берово брегалница 80 н.село 90 95 152 дрим 130 82 15 51 118 112 128 80 15 119 79 98 144.93 48 147.03 842.29 842.29 842.29 842.29 вода 842.29 измерени 842.29 наколец з.преспа 7.2 07:30 часот 7.2 843.98 4.0 Bodocmojom 4.0 преспанско зеро нд 4.5 наколец" проверил:ау одобрил:вс минимум 842.25 (.ΗΜ). директор, ивица тодоровски надвор редовниот обработка“

Во Охрид денес претежно сончево време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– До среда ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука