октомври 21, 2021

Скопје, 21. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија ќе го набави лекот Молнопиравир, единствен лек против COVID-19, информираат од Министерството за здравство, од каде веќе проактивно е стапено во контакт со производителот, компанијата МСД и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молнопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на COVID-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против COVID-19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

Вирусот COVID-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, стои во соопштението на Министерството за здравство. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука