септември 19, 2017

Струга, 19. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Издавачката куќа „Сакам книги“, утре во Паркот на поезијата пред Јавната библиотека во Струга, ќе се одржи Мини Саем на книгата.

– Сите посетители на овој Мини Саем ќе имаат можност да си ги купат омилените бестселери по саемски цени, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука