јуни 27, 2018

Белград, 27. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вишиот суд во Белград ја осуди денеска на една година затвор Мирјана Марковиќ сопруга на Слободан Милошевиќ и некогашната претседателка на партијата ЈУЛ, поради влијание на членови на владината комисија за извршено незаконско доделување на државни станови во 2000,јавува N1.

Со иста пресуда некогашната секретарка на Владата на Србија Живка Цица Кнежевиќ е осудена на година и пол затвор, а тогашниот директор на Дипос Милош Лончар на една година поради сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.

Нив, како се наведува во пресудата, Мирјана Марковиќ ги поттикнувала на сторување на тоа дело. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука