јануари 18, 2017

Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот планинар Мишко Танески денес тргна на пат на освојување на највисокиот врв во Јужна Америка.

Ова ќе биде трет обид да го освои врвот во Јужна Америка. Мисијата ќе трае некаде до февруари, со оглед на тоа дека повеќе денови ќе треба да помине во патување, по што со пристигнувањето во Аргентина, ќе се соочи со освојувањето на врвот.

Мишко Танески е еден од најактивните охридски планинари. Тој бил дел од повеќе меѓународни мисии во Европа, Азија и Јужна Америка.

Меѓу позначајните негови мисии во изминатиот период е искачувањето на врвот Разделнаја на планинскиот масив Памир во Киргистан, висок 6210 метри, потоа 5642 метри високиот врв Елбрус во Русија. Таневски беше дел од светската експедиција која пред неколку години тргна во освојување на Хималаите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука