јануари 5, 2017

Скопје, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската млада ракометна репрезентација успешно го започна квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во Алжир.

Македонските ракометари во првото коло, ја декласираа селекцијата на Полска со 30-22, и важат за едни од фаворитите за освојување на првото место кое носи пласман на младинскиот Мундијал во Алжир.

Вечерва Македонија ќе игра важен натпревар против Португалија,бидејќи Португалците во првиот меч на турнирот ја победија Турција со 40-27. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: РФМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука