август 25, 2024

Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти август 2024 година, во 23:00 часот, на Граничниот премин „Св. Наум“, на влез во Република Македонија се пријавило 29-годишно лице од Република Албанија кој дошол со патничко моторно возило „Порше панамера“ со албански национални ознаки.

– По извршени гранични проверки, констатирано е дека возилото е пријавено за украдено во Норвешка и постои во базата во Интерпол. Возилото е одземено, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука