мај 19, 2018

Белград, 19. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Србија, предводена од Џејмс Руф и српската Влада не постигнаа договор за нов аранжман, објави белградска „Политика“.

Преговорите се очекува да завршат во јуни, а според неофицијалните информации од “Политика”, аранжманот е договорен само во принцип, но од процедурални причини, конечниот договор сега не можел да се постигне.

Главната причина, според “Политика”, е тоа што по оставката на Душан Вујовиќ, Србија нема министер за финансии, па Одборот на директори на ММФ не може да одобри програма која стручно е наречена Инструмент за координација на политиката (ПЦИ).

Преговарачите се согласиле за сите други прашања, но на српската Влада и се препорачува да изнајде правен начин за решавање на проблемот со Законот за привремено намалување на пензиите. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука