Лондон, 2. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Мобилниот телефон на кралицата Елизабета Втора е еден од најзаштитените во светот, а наводно невозможно е да се хакира.
Станува збор за Samsung кој е заштитен од страна на МИ6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.
– Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана и менаџерот на коњски трки Џон Ворен, рече Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот во САД.
Иако во последно време не и е добро и лекарите ја советувале да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.
– Кралицата рече дека се чувствува многу подобро и со нетрпение очекува да ги пречека своите гости за Божиќ, изјави извор за Дејли Мејл.
Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а ова е прв Божиќ за кралицата без принцот Филип и внукот Хари. (Крај)
извор: ТВ21 фото: архива