Скопје/Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најавена е модернизација и автоматска продукција на топографски карти во македонскиот катастар.
Македонскиот и холандскиот катастар го завршија петмесечниот заеднички проект, кој имаше за цел земјава да добие нова стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци.
Со новиот модел, ќе се олесни пристапот, споделувањето, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин.
– Целта е да се одговори на потребите на приватниот и јавниот сектор и на граѓаните, а со тоа да се придонесе за економски раст и одржлив развој на државата, информираат од Катастарот на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива