OhridPress

јули 15, 2024

Скопје, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Две третини, односно 73.8 отсто основци се запишале во стручните училишта, а само 26.2 проценти решиле образованието да го продолжат во гимназиите низ државава, информираат од Министерството за образование и наука.

Тоа во бројки е од над 15.000 ученици, повеќе од 11.000 се запишале во стручните училишта, а нешто над 4.500 во гимназиите.

Ваквата состојба според дел од директорите на стручните училишта не е изненадување. Големиот интерес е поради можноста од брзо вработување на учениците по завршување на средното образование. Ваквиот тренд не ги плаши првите луѓе во гимназиите, кои сметаат дека нивните училишта нудат поразлични можности и ќе продолжи да биде популарни за идните средношколци.

Еден од проблемите поради кои се намалува бројот на ученици во земјава, е масовното иселување на граѓаните, поради што за една година биле затворени дури 14 основни училишта во Македонија. Податоците на ДЗС покажуваат дека во учебната 2009/2010 година во средните училишта во земјава имало над 95 илјади ученици, а во 2021/2022 година имало 24 илјади помалку. (Крај)

извор: Канал 5 фото: Слободен печат

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

scroll to top