септември 21, 2021

Скопје, 21. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 21.693 апликации пристигнаа во рамки на првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 1-ви до 30-ти август, а беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии.

Истите се разгледани од страна на надлежната комисија во рамки на Министерството за образование и наука и донесени се соодветни решенија, согласно кои прифатени се 18.149 апликации.

На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а истото може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации“) и да се преземе од таму.  За било какви прашања и дополнителни информации студентите можат да се обратат на електронските адреси:  qenan.sali@mon.gov.mk; nese.mustafa@mon.gov.mk и rahime.memedi@mon.gov.mk

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк започнува на 1-вивоктомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние кои не успеаa да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. (Крај)

извор: МОН фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука