октомври 16, 2017

Струга, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мултиетнички детски фестивал по деветти пат ќе се одржи на летната сцена во  Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Оваа година на фестивалот ќе настапат студиото за модерен балет „Бах“ од Струга, КУД „Илинден“ од Струга, Rrezet e Struges, културно-уметнички друштва од Ресен, а предвидени се и соло изведби.

Организатор е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот ќе се одржи во петок, 20-ти октомври, почетокот е во 12:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука