февруари 11, 2015

Скопје/Охрид, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Престижната награда за најуспешна книга за деца „Ванчо Николески“, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, во петок, ќе ја додели на писателот Стојан Тарапуза.

Ванчо Николески бил македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина. Роден е во селото Црвена Вода – Дебрца, Охридско. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.

Во негова чест Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади. Николески е добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Преведуван е на сите југословенски јазици, и самиот се занимавал со преведување од српски и руски јазик.

Стојан Тарапуза е еден од најпознатите македонски писатели за деца. Неговото творештво досега било одликувано многу пати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука