јануари 25, 2017

Мелбурн, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се комплетираа и полуфиналните двојки кај мажите на Australian Open.Рафаел Надал е последниот полуфиналист на првиот гренд слем во сезоната откако во четвртфиналето го победи Милош Раониќ во три сета 6-4, 7-6, 6-4.

Надал во Мелбурн игра како препороден и потсетува на своите најдобри денови.

Шпанецот кој во 2009 година ја освои својата единствена титула во Мелбурн во полуфиналето ќе игра против Григор Димитров, додека утре во првото полуфинале ќе играат Рожер Федерер и Санислас Вавринка. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука