Скопје/Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Магла со видливост до 50 метри има на неколку патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.
На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација која се однесува за македонската страна на премините. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива