февруари 3, 2015

Барселона, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во соопштение на кошаркарската Евролига стои дека бекот на ЦСКА од Москва, Нандо Де Коло, го доби признанието за најдобар играч за месец јануари.

Францускиот кошаркар е најзаслужен за победите кои ЦСКА ги постигна  минатиот месец во ова европско натпреварување.

Нандо на гостувањето кај Фенербахче имаше десет поени и пет скокови, а во триумфот над Лаборал Куча францускиот кошаркар имаше учинок од 17 поени и 8 асистенци.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука