февруари 20, 2015

Лондон, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со донаторска ревија за време на модната недела во Лондон, британскиот супермодел Наоми Кембел се приклучи во светската кампања за справување со епидемијата на ебола во Африка.

Целта е да се соберат средства, со кои ќе им се помогне на медицинските тимови кои работат против опасниот вирус, кој одзел досега речиси 4000 животи.

Плановите на Наоми се да се појави на модна писта во Лондон во следната сезона.

Наоми Кембел има куќа во Кенија.

– Илјадници семејства се погодени од оваа ужасна болест и ние мора да направиме се што е во наша моќ за да го спречиме ширењето во иднина, коментира Кембел.

Во добротворното шоу ќе учествуваат и други нејзини познати колешки како Кејт Мос, Маргарита Мишо и Дафне Гинис. (Крај)

извор: Sun фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука