февруари 24, 2017

Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатата пејачка од Кавадарци, Наташа Малинкова, вечерва ќе настапува пред охридската публика.

Таа ќе се претстави со музички избор на теми во кафе барот Liquid. На репертоарот на Малинкова се познати светски поп хитови, македонска музика, како и дел од нејзините авторски теми.

Малинкова е поранешна членка на бендот Багаж, а подолго време работи и како соло музички артист. Моментално на македонските медиуми е актуелна со песната „Само мој“.

Почетокот на вечерашната свирка во Liquid е во 22:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука