март 24, 2023

Охрид, 24. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Секаде патувам, но се враќам тука, затоа што Охрид за мене е катче и бисер, порача синоќа Сузана Наумоска на забавата која се одржа како дел од мартовското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.

– Секаде во светот кога ќе им кажам од каде сум, сите се собираат околу мене. Сите го паметат Охрид по нешто убаво, како бисер на Балканот, втор Ерусалим,  истакна Наумоска.

Зад неа се 30 години успешна женска претприемачка приказна. Претседателка на Советот на жени претприемачи, координатор на национална платформа на југозападен регион за женско претприемништво, претседателка на кластер ТК-1 за туризам и 25 години едукатор и практичен обучувач во дуалното образование.

Со неа разговаравме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид. Интервјуто во целост беше објавено вчера на OhridPress.

– Благодарност за учеството во „Охридските приказни“ на Сузана Наумоска, успешна приказна на жена во претприемниптвото. Прекрасна приказна, многу позитивна енергија и одлична забава. З’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: МЕГА Продукција

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука