март 28, 2017

Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Проблемите од екологијата и економскиот развој, секогаш треба да се решаваат преку активности кои имаа пошироко гледање, вели Лазо Наумоски, дипломиран инженер агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид.

Тој, обраќајќи се кон претставниците на политичките партии од Р. Македонија, независно од етничката припадност, како и сите граѓани на Р. Македонија, додава дека секогаш проблемите околу екологијата и одржливиот развој, преку изработени анализи, ги доставувал до ЕУ, „односно нејзините фондови за побрзо нивно прифаќање и решавање“.

– За мене како одговорен екологист и експерт по аграр и екологија, државните, проблемите на градот Охрид и целото сливно подрачје секогаш имаа предност за нивно решавање. Секогаш сум се залагал, а во иднина ќе се залагам преку разни иницијативи и проекти од локално и пошироко регионално значење да допринесам за што побрзо доближување на Р. Македонија до европските стандарди за нејзино активно зачленување во Европската Унија. Заслужуваме да живееме во високо развиена економија, совест, чиста животна средина, додава Наумоски.

Наумоски апелира на континуирана еколошка заштита на градот Охрид и Охридско Езеро и еколошка заштита и економски развој на цело сливно подрачје на Охридско Езеро.

– Секогаш моите активности имаа пошироко гледање за еколошките и економските проблеми во Југозападниот регион на Р. Македонија. Во 2004 год. бев поканет да присуствувам на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој кое се одржуваше во Лондон, потенцира Наумоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука