јануари 12, 2017

Охрид, 12. јануари 2017 (ОХРИПРЕС) – Во последните месеци од минатата година бројот на туристите е зголемен за 5.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.4%.

Има зголемување кај бројот на домашните туристи во 2016 година однос на 2015 година. Додека бројот на странските туристи е зголемен за 5.9%.

Доминирале туристите од Турција, Грција, потоа Србија, Бугарија, па следуваат Албанија, Косово, Хрватска. Од западно европските земји најбројни биле туристите од Германија, Велика Британија и Италија. Голем бил бројот и на туристи од САД.

Најмалку туристи кои го посетиле Охрид и Македонија се од Луксембург, Малта, Исланд и Јужна Африка.

Најпосетувани биле хотелите со 4 и три ѕвезди, а најмалку посетители имало во сместувачките капацитети на планинските домови, коли за спиење и камповите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука