јануари 29, 2015

Охрид, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На свеченост која ќе се одржи утре во Големата Сала во Општина Охрид, ќе бидат прогласени најдобрите спортисти за 2014 година.

Сојузот на спортови Охрид избира Најуспешен спортист за 2014 година, во неколку категории.

Категориите се: Најуспешен спортист – поединечно; Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски; Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски; Најуспешна спортска екипа; Најуспешен спортски тренер и Најуспешен спортски работник.

Ќе бидат доделени и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл.

Изборот на најдобрите го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид, составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.

Настанот е со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука