декември 12, 2019

Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележаа Светскиот ден на планината.

Претставници на НП „Галичица“ остварија посета во централниот објект на градинката, при што ги запознаа најмладите со убавините на планината и како да ја сакаат и чуваат природата, да се грижат за растителниот и животинскиот свет.

Фотографија на Joudg Jasna Risteska.

Фотографија на Joudg Jasna Risteska.

Фотографија на Joudg Jasna Risteska.

Во 2003 година Генералното собрание на Обединетите нации го прогласува 11-ти декември за Светски ден на планината.

Фотографија на Joudg Jasna Risteska.

Планинарењето со текот на времето станува сé поатрактивно и зазема значајно место во алтернативните видови туризам. Времето во кое живееме, брзото темпо на живот, загадувањето ги поттикнува луѓето полека но сигурно да се враќаат кон природата. За жал ниската еколошка свест и натаму излегува на површина, па со бројни еко акции на организации и поединци се чисти нашата колективна неодговорност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ДГ „Јасна Ристеска“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука