февруари 18, 2015

Софија, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите неколку дена во балканските земји се зголемува бројот на лица со регистрирани симптоми на зајачка треска.

Болеста се заканува да премине во епидемија. Се очекуваат уште случаи на заболени лица, соопшти националниот консултант за микробиологија проф. Тодор Кантарџиев, директор на Националниот центар за инфективни и паразитски болести во Софија, Бугарија.

Треската се пренесува преку диви животни – главно зајаци, а во населените места и преку глодари. Зајаците, ракуните и стаорците заразуваат секакви производи и добиточна храна преку изметот. Луѓето се заразуваат најчесто поради лоша хигиена. (Крај)

извор: novinite фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука