август 14, 2017

Струга, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На плажа во Струга со која стопанисувал лично, денес е смртно застрелан Дилавер Бојку. Нападот се случил околу 17:00 часот на плажата „Аква-Блускај“ во центарот на Струга.

– Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата, јави телевизија Телма.

Според првичните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје.

Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата“ по што следуваа негово апсење, минимални пресуди по што избега од Македонија, негова екстрадиција од Црна Гора, за на крај да се вклучи во легален бизнис во туризам и угостителство. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука