јануари 24, 2015

Торонто/Вашингтон, 21. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Седечкиот начин на живот доведува до срцев удар и појава на рак.

Ова е потврдено од страна на резултатите од најновото истражување спроведено од научници од Институтот за рехабилитација во Торонто.

Според американското списание Internal Medicine Review, ризикот од заболување е висок дури и под услов кога човек кој води седечки начин на живот одвојува време за физичка активност. За да се избегнат здравствените проблеми, потребно е физичката активност да се практикува континуирано.

Дури и да се поминат 30 минути или еден час дневно во физички вежби, а остатокот од денот да се помине пред компјутер или на друго место, е многу лошо, вели авторот на студијата, д-р Дејвид Алтер. (Крај)

извор: Internal Medicine Review фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука